Соопштение за јавност
Сите граѓани на Македонија ја видоа вистинската слика за тоа како работат режимските медиуми, платени со милиони евра, пари на граѓаните.
20 милиони евра, за три години, се префрлени на сметките на режимските медиуми, пари на граѓаните, за пропаганда, ширење лаги и контрола врз уредувачката политика.
Целосниот недостаток на култура на дијалог и слобода на размена на мислења, на контролираните медиуми финансирани на нетранспарeнтен начин, нанесува директна штета на основното демократско право на граѓаните за навремена и вистинска информација.
Кршењето на правото на слобода на говор, ширењето омраза кон припадниците на другите националности, вулгарностите, некултурата и навредите кон сите што мислат поинаку од власта во заминување, уште еднаш покажа колку Македонија е далеку од демократските и европските вредности.
Затоа СДСМ инсистира и се бори за професионално и избалансирано известување на медиумите, за слобода на медиумите и регулација на медиумскиот простор.
По промените и заминувањето на Никола Груевски во историјата, СДСМ ќе овозможи и ќе гарантира слободни медиуми и слобода на говор, дебати, почитување на различни мислења, кадешто ќе доминираат вистинските новинарски вредности, својствени за современите и демократските држави.
Интерес на сите граѓани во Република Македонија се слободни медиуми.
Скопје, 11.02.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА