fbpx

Meдиумските курири го кријат проблемот со загадувањето

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Граѓаните во Македонија во континуитет со месеци дишат загаден воздух, полн со канцерогени ПМ10 честички кој е штетен по нивното здравје.

Податоците од мерните станици покажуваат дека загадувањето на воздухот во Центар е 2 пати над дозволеното, Карпош исто, во скопско Лисиче 3 пати.

Загадувањето во Битола е 3 пати над дозволеното, во Кочани2 пати, а во Велес 3 пати над дозволената граница.

Граѓаните на Скопје помеѓу 150 до 180 денови годишно граѓаните на Скопје дишат загаден воздух.

Со години ВМРО-ДПМНЕ не презема ништо за намалување на загаденоста на воздухот.

Медиумските курири го кријат проблемот со загадување, бидејќи се грижат за штитење на криминалите на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ.

Тендерите за споменици, личното богатење, криминалните зделки, плацевите на Водно, мерцедесите, поткупувањето на медиумите, мерцедесите, се она што цели 10 години Груевски, Мијалков и фамилијата најдобро го прават на штета на граѓаните.

Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ потрошија 630 милиони евра за споменици, а половина година граѓаните на Скопје дишат загаден воздух полн со опасни, канцерогени честички.

Криминалните политики на Никола Груевски го загрозија здравјето на граѓаните.

Наместо да ги поткупуваат медиумите за да шират пропаганда, со тие пари Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ можеа да го решат проблемот со загадување.

Скопје, 11.02.2016

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Последни вести