Мицкоски и ВМРО се на погрешната страна на историјата – ПЕС го потврди тоа во Барселона

Facebook
Twitter
LinkedIn

Одговор на прашањето на ВМРО дали се зборувало во Барселона за ТИСА:

Во рамки на ПЕС е разговарано за вашата сестринска партија Фидес и големиот пријател на вашиот претседател Мицкоски – Виктор Орбан.

Сите учесници заклучија дека автократските режими кои се длабоко заглавени во криминал и корупција завршуваат.

Затоа беше толку убедлива победата на ТИСА над Фидес.

Дури и меѓу првите им честиташе домаќинот на конгресот во Барселона, шпанскиот премиер и претседател на партијата PSOE – Педро Санчес.

Ова не беше прашање на идеологија.

Иако Тиса е центар-десна, либерална опција од десниот правец, тоа воопшто не се доведуваше во прашање.

Победата беше победа на Европа над автократска Русија, победа на народот над корумпираниот систем и победа на слободата над диктатурата.

Иако во ВМРО никој не разликува центар-десно од десница и Тиса ја нарекуваат „сестринска партија“ само затоа што е членка на ЕПП, таа „сестринска љубов“ ќе ја видиме многу брзо кога ќе почнат истрагите против нивниот „брат“ Орбан и неговите медиуми, како и за пласирањето на кинеските кредити во Македонија.

Едни од главните теми на панелот на којшто учествуваше проф. д-р Венко Филипче беа токму Орбановите медиуми и нивното влијание во Македонија.

Панелистите изразија сериозна загриженост за поврзаноста на владата во Скопје со Орбан, Вучиќ и длабоките врски на најблиските соработници на Мицкоски со Русија.

Јасно се гледаат влијанијата на автократијата во Македонија.

Целата медиумска мрежа која опфаќа 40 % од вкупното медиумско небо во Македонија е во сопственост на Орбан и е
ставена на располагање на ВМРО-ОКГ и Мицкоски.

Заклучокот беше јасен: новиот унгарски премиер најавува дека брзо ќе се спроведат истрагите за поврзаноста Орбан–Додик–Вучиќ–Мицкоски.

На оваа тема претставниците на партиите од регионот целосно се согласија и заклучија дека регионот не може да биде руски, туку целта на сите мора да биде Европа.

СДСМ останува цврсто на страната на Европа, на страната на слободата и на страната на граѓаните.

Мицкоски и ВМРО можат уште малку да се потпираат на Орбановата машинерија, но и на неа ѝ се гледа крајот. За почеток, таа мрежа беше блокирана за неплатени 100.000 евра уште наредниот ден по изборите.

Почна процесот на распаѓање на криминалната организација.

Доаѓа времето на вистината, правдата и одговорноста!