Соопштение за јавност
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во гостувањето во Дневникот на Сител телевизија, посочи дека постои јасна политичка и идеолошка поврзаност меѓу Мицкоски и Орбан, оценувајќи дека таквиот однос има директно влијание врз политичките процеси во државата.
„Практично од кога сум претседател на партијата од 2024 година, од тогаш укажуваме дека политичкиот ментор на Мицкоски беше и е Орбан. Затоа што тој му даваше поддршка секаква додека беше во опозиција и со медиумите коишто ги контролираше и на секој друг начин. Кој го чува Никола Груевски и кој му даде азил Виктор Орбан“, рече Филипче.
Тој појасни дека ваквите релации имаат подолга историја и се дел од поширок политички модел. „Што беше прва работа кога оваа влада сè уште не е избрана после победата на изборите направи, отидоа кај Орбан. Цела група од лидерството на ВМРО ДПМНЕ. Еве сега нема лидерство само еден е лидер без потпретседатели“, појасни Филипче.
Осврнувајќи се на економските и бизнис релации, Филипче нагласи:
„Ние немаме договори. Никој од нашата влада не направил такви договори со унгарски компании. Што е целта на доаѓањето на унгарскиот телеком којшто го води човек близок на Орбан, на „Фор-ај-џи (4iG). Станува збор за поврзување на медиумите, контрола на системот. Што е целта да во стратегијата на министерството за енергетика влезат компании од Унгарија коишто се фирми ќерки тука кај нас веќе регистрирани на не се обично унгарски компании на унгарски компании коишто се водени од пријатели на Виктор Орбан. Што и целта да се даде приоритет и притоа се изгубат пари од коридорот 8 за да се форсира коридорот 10.“, рече Филипче.
Филипче се осврна и на состојбите во медиумскиот простор, потенцирајќи, како може толку медиуми со години наназад да се спонзорирани од Виктор Орбан.
„Станува збор за одредени медиуми каде што има луѓе коишто шират пропаганда. Црна кампања, оцрнуваат луѓе, рушат кредибилитет луѓе коишто шират антиевропски наратив и тоа се тие органи медиум бидете телевизијата, видете ги порталите коишто ги контролираат видете ги на социјалните медиуми и тоа е тој систем“, обвини Филипче.
Притоа, тој додаде дека Мицкоски, заедно со Вучиќ беа единствени во регионот кои се вклучија во кампањата и му дадоа директна поддршка на Орбан.
„Како е таа врска, толку силна изразена со сите овие примери под начинот на којшто се владееше во Унгарија против што сега новиот унгарски премиер кажува дека ќе се бори дека тој систем ќе го демонтира па истото се случува кај нас. Видете ја контролата на процесот каде има премиер да кажува да се заканува по медиуми како Мицкоски, да кажува кои ќе биде гонет и што ќе биде гонет. Од каде знае тој човек? Ако знае, тогаш има кривична одговорност, ако не знае и шпекулира има политичка одговорност. Каде постои систем каде што има ваква брутална партизација на сите структури, вклучувајќи безбедносни со несоодветни луѓе, заклучи Филипче.


