ВМРО-ОКГ продолжува со болната лажна кампања, од погребот на дедото прават „таен состанок“

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

ВМРО-ОКГ и нивните пропагандни медиуми повторно продолжуваат со истата болна и лажна приказна, тврдат дека генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ, се сретнал со Ружиќ и дека „СДС работи со српската опозиција“.

Единствената вистина е дека Саша Димитријевиќ беше на погребот на својот дедо.

Никаков состанок не постои. Впрочем Димитријевиќ јасно и недвосмислено го демантираше целиот измислен скандал и изјави дека ниту се видел, ниту ги познава Ружиќ и Башановиќ.

Од човечка тага и семеен момент тие прават нова „афера“.

Класичен пример на болна и безобразна кампања која ја води ВМРО-ОКГ.

Ова е дел од операцијата со Black Cube (приватниот „Мосад“) што Мицкоски и криминална група го ангажираа за следење на опозицијата и фабрикување афери.

Колку таа организација нема морал се виде и во Унгарија и во Словенија.

Во Унгарија дури влегле во спалната соба на Петер Маѓар и му поставиле камери за да направат приватни снимки и да создадат скандал.

Во Словенија правеле исто за Јанша – тајно снимале опозицијата, а потоа медиумите пишувале за „аферите“.

Оваа фирма и во Словенија и во Македонија дошла директно преку Орбан, поранешниот премиер на Унгарија, кој сега самиот се соочува со сериозни истраги за криминал и корупција.

Сега од погреб прават „таен состанок“ со СПС, партијата која е најблизок коалициски партнер на СНС, сестринската партија на криминална организација – ВМРО ОКГ.

Исто како што претседателот на СПС го нарекува Вучиќ „брат“, така и Мицкоски ги смета Орбан и Вучиќ за свои „браќа“. Истата братска љубов, истата братска кампања.

Граѓаните јасно гледаат кога ВМРО-ОКГ останува без аргументи, кога паѓаат со 150.000 гласови и кога се во слободен пад, единственото што им останува е да фабрикуваат лажни афери дури и од погреби.

СДСМ продолжува да работи за граѓаните.

Вистината секогаш излегува на површина.

Доаѓа времето на вистината.