Соопштение за јавност
Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во интервју во емисијата „Трилинг“, укажа дека довербата во правосудниот систем е сериозно нарушена,граѓаните сè помалку веруваат во постоење на вистинска правда, посочувајќи дека ваквата состојба е резултат на политички притисоци врз институциите. Тој нагласи дека директното влијание врз судството од страна на премиерот претставува сериозен проблем и автократски начин на владеење.
„Премиерот на телевизија кажува кои обвинители и судии се добри, кои не се добри, ги нарекува медиокритети, преку свои чувства дава насоки и прави притисок на правосудните органи, прави притисок врз опозицијата. Ова се автократски манири на владеење.Кој е очекува дека во државата има вистинска правда, никој“, рече Филипче.
Во интервјуто Филипче посочи дека реформата на правосудниот систем е клучен приоритет во процесот на европска интеграција и дека токму ова поле е прво што се отвора при преговорите со Европската Унија, а власта на тој план не прави ништо.
„Реформата во правосудниот систем е приоритет, прва тема во делот на отворањето на поглавјата.Кога една земја ги започнува преговорите со Европската Унија, прво што се реформира е правосудството. Паралелно на тоа, ја имаме и реформската агенда, којшто вклучува потребни законски решенија, реформи кои што треба да се направат, да се имплементираат и од 15-тина закони, само еден е донесен во 2025 година и тоа не целосно. Направен е трик, не се испочитувани препораките на Оценската мисија на Европската Унија“, рече Филипче.
Тој додаде дека без суштински реформи и вклучување на европските механизми, не може да се очекува напредок во владеењето на правото.
„Ако не го реформираме судството, ако тука не дојде, Европското обвинителство, до пред некое време водено од Лаура Ковеши, нема напредок. Гледаме какви активности има во сите земји, во Хрватска какви процеси има благодарение на Европското обвинителство.Само со реформа на системот, реформа на умот и пристапот на луѓето на врвот на пирамидата на власта, кои треба да се тргнат од независната судска влас, нас може да нè биде“, рече Филипче.


