Соопштение за јавност
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во гостување во емисијата „Трилинг“ на ТВ 24, обвини дека Орбановите медиумите кај нас функционираат како мрежа која шири лажни вести и антиевропска пропаганда во корист на ВМРО-ДПМНЕ.
„Тоа се огромен број на портали и една телевизија. Јасна дистинкција правам помеѓу таа мрежа на Орбанови медиуми којашто е во служба на ВМРО ДПМНЕ и другите медиуми. Такви медиуми шират и лажни и дискредитирачки наративи. Ако ги слушате тие медиуми, загрозен е и националниот идентитет поради политиките на Европска унија и ние не треба чекор напред да направиме. Што е тоа? Дискриминација и лажна кампања“, обвини Филипче.
Филипче нагласи дека, Орбановата медиумска мрежа работи во насока на политичка изолација на државата и е насочена против европските интеграции.
„Таква мрежа на медиуми којшто е под контрола на власта со цел да им поминат политиките на изолација на државата. Суштината е да нема зајакнување на системот да нема европски институции, да нема европско обвинителство и контрола на трошење на парите. Тоа е суштината“, потенцираше Филипче.


