Соопштение за јавност
ВМРО-OКГ и нивните пропагандни медиуми повторно пишуваат апсолутни глупости.
Мицкоски јавно и јасно изјави дека нема да отстапи ниту милиметар и дека Бугарите нема да влезат во Уставот, што е основа за продолжување на преговорите.
Нема продолжување на преговорите додека не се внесат малцинствата во Уставот – јасна е пораката на Европа.
Ова не е бугарско прашање, туку европско прашање.
Исто така, “нема место за тројански коњи” – порака на Марта Кос, се однесува на држави под руско влијание.
Нема поголем руски прокси играч од Мицкоски, по падот на Орбан.
Потоа истиот Мицкоски додаде, дека Македонија е подготвена да чека децении ако треба.
Тоа е директно блокирање на европскиот пат на Македонија.
Сега истата таа ВМРО-ОКГ се обидува да ја префрли вината на СДСМ и да каже дека ние го блокираме процесот.
Па нели според нив “СДСМ распродаде се за Европа”?
Кој е овде луд?
СДСМ бара исполнување на европските услови за продолжување на преговорите.
Мицкоски отворено вели дека нема да ги исполни и дека е подготвен да чека децении.
Кој всушност го блокира ЕУ патот?
Мицкоски и криминалната организација ВМРО.
Нивната политика на намерни конфликти со соседите, измислување на загрозување на националниот идентитет, измислување на непризнавање на јазикот (кој е признаен од сите ), анти-ЕУ пропаганда и блокирање на уставните измени е единствената причина зошто Македонија стои во место.
Ние нема да дозволиме да ја претворат Македонија во слепо црево на Балканот само за да ја задржат контролата врз државата и да продолжат со криминалот и корупцијата.
Доаѓа времето на вистината.


