Соопштение за јавност
Мицкоски е целосен дилетант и во политиката и во економијата.
Целиот свет и цела Европа се подготвуваат за нови економски удари и криза.
Сите воведоа пакети мерки за заштита на граѓаните.
Само Мицкоски и неговата влада не реагираа.
СДСМ веќе два месеци бара конкретни мерки за заштита на стандардот на граѓаните.
Владата зеде само делче од нашиот пакет, но без целосна промена ништо не може да се спречи.
Цените отидоа до плафон.
Во мај нè очекува ново дивеење на цените, вистинскиот почеток на кризата за која Европа се подготвува.
Доаѓа сезона на годишни одмори, граѓаните ќе се задолжуваат уште повеќе. Есента и зимата ќе ги дочекаат со празни фрижидери.
Наместо економија, ВМРО-OKГ нуди само медиумска пропаганда.
Потрошувачката кошница од почетокот на кризата поскапе за 3.500 денари.
Мицкоски не ја зголеми минималната плата.
Човекот со часовник од 65.000 евра не знае како живее народот во Македонија, особено на село и како се снаоѓаат земјоделците.
Нема субвенции за земјоделство, ИПАРД е блокиран поради кражбите на криминална група ВМРО.
Сè ќе поскапи уште повеќе поради гориво, ѓубрива и останати трошоци.
Нè чекаат тешки времиња, а Мицкоски размислува само за купување нов авион за летување.
Доаѓа времето на вистината, правдата и одговорноста!
