Соопштение за јавност
Изјавата на известувачот за Македонија во Европскиот парламент, Томас Вајц, е јасна и алармантна потврда на она што СДСМ го предупредува со месеци.
Со Мицкоски нема напредок, нема реформи, со директна оценка дека „во последната година не видовме никаков напредок“.
Вајц експлицитно вели дека не гледа сериозна посветеност на Владата за реформи, особено во владеење на правото.
И клучен и најголем проблем: корупција и нефункционално судство.
Ризикот е губење европски пари, средствата од ЕУ ќе одат во други земји наместо во Македонија.
СДСМ со месеци предупредува дека власта на Мицкоски свесно ја турка државата во изолација за да може без контрола да спроведува криминални тендери.
Граѓаните заслужуваат европска иднина, а не изолација, стагнација и криминал.


