fbpx

(ФОТО) Со парите потрошени за пропаганда, ќе се обновеа 400 километри локални патишта

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Еве, фотографиите во прилог покажуваат како изгледаат локалните патишта во Македонија, дупка до дупка.

Ова е реалност во којашто живеат граѓаните од населните места во општина Долнени, Црнилиште, Ропотово, Лажани, но и во многу други места ширум Македонија. Реалност што не може да се види на провладините медиуми платени со милионски суми пари на граѓаните за ширење на лаги.

За три години Никола Груевски потроши 20 милиони евра за медиумска пропаганда а само со 2,5 милиони евра се решаваат сите проблеми во едно населено место, пат, водовод, канализација.

Со 20 милиони евра, пари на граѓаните, можеше да се обноват 400 километри локални патишта за голем дел од селата во Македонија.

Но, за Груевски приоритет не беа граѓаните и нивните основни потреби.

Катастрофалната состојба во којашто се наоѓаат локалните патишта во Македонија се последица на криминалното владеење на Никола Груевски и фамилијата.

Од криминалните политики на Никола Груевски останаа само дупки.


 

 

 

 

Последни вести