Соопштение – објава на претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче на X
„Мицкоски им вели на медиумите дека не знае кој извештај на Вајц го читале и дека станува збор за „комплетен антипод“.
Сега, според Мицкоски, испаѓа дека и Вајц и медиумите лажат?
Наскоро и Вајц може да очекува црна кампања преку Орбановите медиуми, можеби ќе почне и да го навредува, како што Вучиќ го нарекува Тонино Пицула кога не му се допаѓа извештајот на ЕУ.
Оваа тактика веќе ја знаеме: сите што не му се потчинуваат или имаат различно мислење ги нарекува „медиокритети“, „талог на општеството“ или „мочуриште“.
Класика.
Доаѓа времето на вистината.“
https://x.com/VFilipche/status/2048754606822330679?s=20


