Филков повторно лаже – СДСМ од лани бара закони, а ВМРО ги крие

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност – реакција на изјавата на Филков

Министерот Филков денеска повторно се обидува да ја префрли вината на СДСМ за сопствената неспособност и блокада на реформите.

Едно неучество после цела една година менува сè? Како е тоа можно?

СДСМ уште од мај 2025 година, на секоја прес-конференција, јавно го прашува Министерството за правда и министерот Филков:
Каде се реформските закони?

Зошто ги нема на ЕНЕР? Зошто ги криете од јавноста и од Собранието?

Наместо да ги подготви и да ги достави законите, Филков и ВМРО-ОКГ цела година молчат, одложуваат и сега, по само едно неучество на работна група, одеднаш СДСМ е виновен за сè.

10 милиони евра од ЕУ за правосудни реформи се загрозени токму поради ВМРО, а не поради СДСМ.

Ние не блокираме реформи, ние бараме реформи да се случат.

Вие ги блокирате со молчење, со одложување и со обиди да ја сокриете вистината од граѓаните.

Мицкоски и ВМРО-ОКГ не можат вечно да ја кријат својата неспособност и да ја префрлаат вината на другите.

Граѓаните јасно гледаат кој ги спречува реформите и кој ја загрозува европската иднина на Македонија.

Доаѓа времето на вистината.