Македонија капитулира пред криминалот и корупцијата – падна последната брана на демократијата

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Со мнозинство на ВМРО-ОКГ, Собранието денеска го изгласа укинувањето на техничката влада, која постоеше од 2016 година како единствен механизам за заштита од тотална узурпација на институциите.

Со овој потег, Мицкоски и ВМРО-ОКГ ја отстранија и последната брана која спречуваше целосна контрола врз изборниот процес.

Македонија капитулира пред криминалот и корупцијата.

Падна последната можност за одбрана на демократските стандарди и барем минимално фер услови на изборите.

Почитувани граѓани, следните избори ќе бидат клучни. Поправен испит нема да има.

Сега е јасно зошто Мицкоски толку брзаше да ја укине техничката влада, затоа што сака да владее без никаква контрола, без никаква транспарентност и без никаква одговорност.

СДСМ ќе продолжи да се бори за вистинска демократија и за европска иднина на Македонија.