Мицкоски, што вели Black Cube, дали визите се вистински или лажни како вашите вести?

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

ВМРО-ОКГ тврди дека Black Cube е „плод на фантазијата“ на СДСМ.

Ако Black Cube е наша „фантазија“, тогаш од каде ВМРО има фотографии за кои тврди дека се визи од пасошот на Венко Филипче?

Дали визите се оригинални и автентични или лажни, fake?

ВМРО-ОКГ веднаш треба да одговори:

• Од каде ви се фотографиите од пасошот на Венко Филипче?

• Кој беше во неговиот дом?

• Кој ги фотографираше?

• Ако велат дека се од Министерството за внатрешни работи на Обединетите Арапски Емирати – кој освен Black Cube (приватниот Мосад) има пристап до тие податоци со фотографии?

Или визите се лажни, или Black Cube работи директно за ВМРО и Мицкоски. Трета опција нема.

Black Cube кај Мицкоски дојде директно преку неговиот „брат“ Орбан.

Истата фирма која тајно ја снимаше опозицијата во Словенија и Унгарија, фабрикувајќи афери.

Мицкоски, сега е време ти и твојата криминална организација јасно и гласно да одговорите:

Дали визите се вистински или се фалсификат како вашите вести?

Доаѓа времето на вистината, правдата и одговорноста!