Орбановата медиумска мафија на Мицкоски ја задуши Македонија – паднавме во „проблематична состојба“!

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Македонија падна за три места на Индексот за слобода на медиуми на „Репортери без граници“ и сега официјално се наоѓа во групата со проблематична состојба.

Ова е директен резултат од политиката на Мицкоски и ВМРО-ОКГ.

Преку Орбан, ВМРО контролира над 40% од медиумскиот простор во Македонија.

Останатите професионални медиуми ги притискаат со пари од буџетот на граѓаните.

За ова пишуваат и независните истражувачки групи како BIRN и други меѓународни организации.

Медиумите во служба на Мицкоски, регистрирани на Петер Шац и неговите соработници – лажни сопственици на Орбановата мрежа, имаат кривична пријава за перење пари преку Словенија, која стои во фиока.

Истите луѓе се уредници и денес: Ивона Талевска и нејзиниот партнер Драган Павловиќ Латас од времето на Груевски.

Повампирени структури од деценискиот мрак на Груевски и Мијалков.

Латас, кој со говор на омраза го креира секое соопштение, човекот кој секојдневно води анти-ЕУ кампања, човекот кој работел за странски служби и имал задача да ја пали американската амбасада во Македонија – тие да ни зборуваат за слобода на медиуми?

Во Унгарија наскоро почнуваат истражни процеси и граѓаните ќе ги видат овие „слободни медиуми“ без маска, а заедно со нив и улогата на Мицкоски во сето ова со неговите „браќа“ Орбан и Вучиќ.

Мицкоски и ВМРО-ОКГ не ја бранат слободата на медиуми.

Тие ја убиваат.

Доаѓа времето на вистината, правдата и одговорноста!