Oрбанова Алфа ТВ призна за приватната служба – Black Cube!

Facebook
Twitter
LinkedIn

Конечно! По сите негирања и напади, Алфа ТВ денеска јавно призна дека Black Cube (приватниот Мосад) е нивна алатка.

Фабриката на Мицккски за лаги, со објавувањето на наводни детали од пасош и наводни визи на претседателот Венко Филипче на Орбановата телевизија, доведе до разоткривање на соработката со огласената израелска фирма.

Падна и јавното признание.

Сè што СДСМ го говореше последниве недели сега е целосно потврдено:

• Black Cube е ангажиран од Мицкоски и ВМРО-ОКГ преку Орбан.

• Тие ја следат опозицијата и фабрикуваат афери.

• Орбановата Алфа ТВ во служба на Мицкоски и нејзините уредници (Ивона Талевска и нејзиниот партнер Драган Павловиќ Латас) се директни корисници на оваа приватна шпионска служба.

Нема повеќе „плод на фантазија“.

Сега самите ја признаа врската со Black Cube.

Мицкоски и неговата криминална организација користат странска шпионска фирма за да се борат против политичките противници, како и Орбан.

Ова не е политика.

Ова е класичен мафијашки метод.

Од денеска, секој напад од Алфа ТВ и од ВМРО-ОКГ треба да се чита со еден предзнак: работа на Black Cube.

Граѓаните јасно ја гледаат вистината.

Доаѓа времето на вистината, правдата и одговорноста!