Спасовски до Трипуновски: Дали 1.500 вработени во земјоделство ги оставивте без здравствено осигурување?

Facebook
Twitter
LinkedIn

Пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски на денешната седница посветена на пратенички прашања упати прашање до министерот за земјоделство, Цветан Трипуновски, а се однесуваше на наводите за прекин на здравственото осигурување на вработените во Министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство. Според информациите, станува збор за ситуација во која поголем број вработени останале без покриено здравствено осигурување во изминатиот период.

Во продолжение интегрален текст од прашањето
Имам информација и барам таа информација да ја потврдите или да ја демантирате дека од 23-ти овој месец до денеска нема здравствено осигурување за ниту еден вработен во Министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство.
Според достапните податоци, 1.100 вработени во Министерството, дополнително додадени инспекторати, околу 1.500 луѓе вкупно, од 23-ти до денеска немаат здравствено осигурување.

Луѓе коишто имале потреба од лекување на деца, луѓе коишто требале да заминат на операции и така натаму.
Дали е вистина дека нема здравствено осигурување? Ако е вистина, ве молам, која е причината поради којашто ги оставивте луѓето од 23-ти до денеска да немаат здравствено осигурување?