fbpx

„Република“ не може да ги оправда приходите

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

„Република“ не може да ги оправда приходите. Ниту пак може да се демантира поврзаноста со даночниот рај на фамилијата, Белизе. Официјалните документи го потврдуваат тоа.

Дали граѓаните на Република Македонија треба да им се извинат на медиумите на Никола Груевски затоа што живеат со по 40 денари на ден?

Дали можеби граѓаните треба да се извинат што поради промашените економски политики во секое семејство во Македонија има по најмалку еден член надвор од државата?

Дали треба да им се извинат на Канал 5, Сител и Алфа телевизија што 13 милиони евра, пари од граѓаните, завршиле на нивните сметки за три години?

Медиумските курири треба да се извинат што ги земаат парите на граѓаните за креирање на лажна слика и искривување на катастрофалната реалност.

Не само што од Владата директно добивале милиони туку и индиректно, преку рекламите на јавните претпријатија се слевале пари од граѓаните на нивните сметки.

За пропаганда, нарачани прилози и црни кампањи, медиумите коишто вистински газда е Никола Груевски се платени со пари на граѓаните.

Само одговорноста на вистинскиот сопственик на Курир и Република, Никола Груевски, и враќањето на парите на граѓаните може да се смета за извинување што им украде 10 години од нивниот живот.

Скопје, 04.02.2016

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Последни вести