fbpx

На граѓаните им треба чист воздух, ВМРО-ДПМНЕ не прави ништо

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Граѓаните на Македонија секојдневно се гушат во загаден воздух со огромни концентрации на канцерогени ПМ 10 честички.

Во Скопје, годишно има помеѓу 150 до 180 денови во коишто воздухот е загаден над дозволеното односно со високи концентрации на канцерогените честички.

Тоа значи дека половина година граѓаните на Скопје дишат загаден воздух.

Според анализите на Светска банка, загадувањето со канцерогени честички ја чинело македонската економија околу 253 милиони евра или 3,2 проценти од БДП во 2011 година.

Денеска на Светскиот ден за борба против ракот јасно станува дека според објавените податоци најзастапен кај мажите е ракот на белите дробови.

Во соработка со стручни лица од Светската банка во анализа на еколошките податоци и медицинските докази за поврзаноста на аерозагадувањето и здравјето, во Институтот за јавно здравје е пресметано дека приближно 1.350 смртни случаи годишно во државата се должат на аерозагадување со честички но и илјадници изгубени продуктивни денови.

ВМРО-ДПМНЕ воопшто не се грижи за здравјето на граѓаните, за нив е тоа неважно.

За намалување на загаденоста треба веднаш да се спроведат мерки, како на пример:

– Да се воведе субвенција за јавниот градски превоз која ќе важи за сите во зимските месеци.

– Наместо тајно и преку ноќ да се атакува на последните дрвја што се обидуваат да ни дадат малку кислород, градот Скопје итно да забрани сеча на постојните дрва и да започне со санирање на сите уништени зелени површини.

– Да се зголемат средствата на Министерството за животна средина и просторно планирање во делот на заштита на животната средина.

Само со сериозен и одговорен пристап може да се променат работите во интерес на граѓаните.

 

Скопје, 04.02.2016

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Последни вести