Соопштение за јавност
Потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски заедно со членовите на Извршниот одбор на партијата, Пеце Мирчевски и Максим Димитриевски вчера беа помеѓу граѓаните на скопската населба Аеродром.
Манчевски на средбите со граѓаните рече дека СДСМ се бори за иднина на младите тука, во нивната родна земја, се бори за нов пат на Македонија.
Секој изминат ден со ВМРО-ДПМНЕ и прави штета на Македонија и нејзината иднина. СДСМ сака избори што е можно побрзо, но, мора да бидат исполнети условите за фер и демократски избори, регулација на медиумите и пречистен избирачки список. Не фантомски гласачи, туку вистински. Не фантомска волја туку слободно изразена волја на граѓаните. Никола Груевски не сака слободни, фер и демократски избори затоа што знае дека ќе ги изгуби, рече Манчевски во Аеродром.
Жителите револтирани од пропагандата на провладините медиуми, скапо платена со пари на граѓаните, коишто постојано шират невистини и ја кријат катастрофалната релност.
СДСМ има мерки коишто ќе ги вратат парите кај граѓаните, мерки што ќе го стимулираат претприемништвото и домашните бизниси за нови вработувања а не експлоатирање на работниците, рече потпретседателот Манчевски.
СДСМ има тим, има знаење, има решенија. Младите ќе бидат во фокусот на Владата на СДСМ. Еднакви шанси за сите, вработување според образованието и квалификациите а не партиската книшка . Се обврзуваме на целосна департизација за образование, млади луѓе да имаат еднакви шанси, истакна Манчевски.