fbpx

Шекеринска во Петровец: Заедно со граѓаните креираме политики!

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска вчера беше помеѓу жителите на Петровец.

Се разговараше за проблемите што ги тиштат, за големата безработица, за егзодусот на младите, за лошото владеење на власта и лошата прераспределба на државни земјоделски земјишта и доделување на субвенции на луѓе блиски до власта. Во 21 век овие луѓе немаат пат до своите ниви.

-10 години не лажат. Секој ден најавуваат нови вработувања. Каде се тие вработувања? Од толку најави требаше веќе да увезуваме работници.
Досега власта не казнуваше нас. Сега народот ќе ја казни оваа расипничка власт, велат револтирано жителите.

Клучниот проблем во Македонија е нееднаквоста која продира во сите области, возврати Шекернска додавајќи дека СДСМ знае како да ги промени работите.

-Над 600 илјади граѓани се иселени од Македонија, пред се млади. Затоа, заедно со младите, заедно со граѓаните, креиравме политики коишто ќе обезбедат иднина за младите дома. Секој млад човек ќе добие фер и рамноправна шанса, рече Шекеринска.

Вистината победи, ќе победи и правдата, порача Шекеринска и додаде дека само на слободни и фер избори ќе изгуби оваа криминална власт.

За да се одржат фер и демократски избори, мора да се прочисти Избирачкиот список и медиумите да се ослободат, да почнат да ја говорат вистината.

И додека над 180 илјади граѓани живеат се борат за основна егзистенција, а над 500 илјади живеат на работ на сиромаштијата, за три години во само три телевизии Сител, Канал 5 и Алфа за ширење на владиниот популизам завршиле 13 милиони евра, пари на граѓаните.

Со вашата поддршка, заедно, ќе ја направиме Македонија подобро место за сите нас. Нашата цел е Македонија да дише и живее слободно, заклучи Шекеринска.

 

 

Последни вести