Соопштение за јавност
По убедливиот пораз на Виктор Орбан, сега се распаѓа целата криминална мрежа која ја градеше со години. Во Унгарија почнуваат истраги, а во Србија Вучиќ веќе подготвува предвремени избори.
Мицкоски, како послушен ученик, прави точно она што му кажува неговиот „голем брат“ Вучиќ – и тој брза кон предвремени избори.
Зошто толкаво брзање?
Затоа што во Будимпешта наскоро ќе започнат сериозни истраги кои директно ќе ги поврзат Орбан, Вучиќ и Мицкоски.
Во Македонија постои 40% Орбанова медиумска мрежа, перење пари, кинески кредити и сомнителни тендери. Кога тие истраги ќе тргнат, сето тоа ќе излезе на виделина.
Во исто време, во буџетот веќе нема пари. Владата се задолжува секојдневно.
Како што СДСМ месеци наназад предупредуваше – штом снема пари за тендери и за полнење на џебовите, веднаш почнуваат подготовки за избори.
Мицкоски и Вучиќ најмногу се плашат од истрагите кои ги најави Петер Маѓар. Тие знаат дека кога ќе почнат да се отвораат досиејата, ќе мора да одговараат за медиумската машинерија, перењето пари и криминалот.
Граѓаните јасно гледаат: ова не е политика за Македонија. Ова е политика за преживување на криминалната организација.
Петер Маѓар на 9. мај, на Денот на Европа, ја презема власта во Унгарија, а веќе во текот на летото се очекува да ги замени судиите и обвинителите кои ги постави Орбан за да ја штитат неговата криминална мрежа – по истиот модел по кој Мицкоски ги постави своите луѓе. Есенва ќе биде многу непријатна за орбановиот балкански двоец Мицкоски – Вучиќ.
Доаѓа времето на вистината, правдата и одговорноста!



