ВИЕНА ГИ ОБЕДИНУВА СОЦИЈАЛДЕМОКРАТИТЕ ОД РЕГИОНОТ: Нов импулс за соработка и проевропска агенда

Facebook
Twitter
LinkedIn

Во време на сериозни политички предизвици, Виена станува центар на регионалниот дијалог меѓу социјалдемократските партии. Од 4 до 7 мај, меѓународни секретари од Западен Балкан, Хрватска и Словенија учествуваат на значајна средба во организација на Фондацијата „Фридрих Еберт“. На овој битен собир, СДСМ ја претставува секретарот за меѓународна соработка, Андреј Жерновски.

Фокусот на средбата е ставен на зајакнување на соработката и довербата меѓу сродните политички сили, во услови на засилен популизам, намалување на демократскиот простор и забавени евроинтеграции.

Во своите разговори, учесниците ставаат посебен акцент на тоа како социјалдемократските политики да се позиционираат како кредибилна, модерна и јасно проевропска алтернатива.
Се разменуваат ставови за актуелните политички текови, при што се потенцира неопходноста од отворање на нови канали за поинтензивна комуникација и координација на регионално ниво. Токму во тој контекст, срдечно беше поздравен предлогот на СДСМ за формирање на таканаречената “Скопска иницијатива“ со регионалните сестрински партии, со кои ќе се потпише заедничка платформа за борба против авторитарните режими, борба со корупцијата и борба за европската интеграција на регионот.
Организаторите оценуваат дека токму ваквите иницијативи се клучни за градење стабилен, демократски и поврзан регион, заснован на соработка, солидарност и заеднички вредности.

Пораката од Виена е јасна: регионалната соработка не е избор- туку предуслов за посилна и поевропска иднина.