Раст на инфлацијата од 5,7%, дилетантнот Мицкоски го доведе народот до раб на сиромаштија

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Најновите податоци на Државниот завод за статистика уште еднаш ги потврдија дилетантските политики на Мицкоски и суровата реалност во која живеат граѓаните.

Додека Христијан Мицкоски кажува бајки за „трета економија“ во Европа, статистиката е поразителна.

Во април оваа година има раст на инфлацијата од 5,7% споредено со истиот месец 2025 година.

Ова е значајно повисока инфлација од еврозоната, каде исто во април изнесува 3%.

Најголем пораст на трошоците на живот има кај храната, дури 8%.

Сè е поскапено, храната, сметките, животот. Цените во маркетите уриваат рекорди.

Синдикалната кошничка во април достигна скоро 69.000 денари.

Уште Владата на Мицкоски доцни со исплатите за социјално и здравствено затоа што нема пари во буџетот.

Мицкоски и ВМРО-ОКГ одбија да го укинат ДДВ на храната и да го намалат ДДВ на горивата на 5%, одбија да воведат какви било мерки за заштита на стандардот на граѓаните, одбија да ја зголемат минималната плата на 600 евра.

А за две години ги задолжи граѓаните за 2,3 милијарди евра.

На Мицкоски не му се важни граѓаните туку бизнисите преку криминални тендери. Само за тоа има пари, за народот нема.

Со дилетантот Мицкоски граѓаните се со празни фрижидери и со празни џебови, осиромашуваат од ден во ден а животот им станува сè потежок.