Соопштение за јавност
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во гостување во вчерашниот поткаст „Риштази“ на Коха, порача дека иднината на Македонија е во Европската Унија, економскиот развој и стабилноста, а не сиромаштија, изолација и враќање назад како што се случува со Мицкоски и ВМРО-ОКГ.
Филипче посочи дека СДСМ во изминатите години носеше тешки, но државнички одлуки во интерес на граѓаните и стратешките цели на државата.
„Што се интересите на сите граѓани? Прво, интеграција во Европа. Ние тие процеси ги започнавме, се донесе Преспанскиот договор, безбедноста, влеговме како земја членка во НАТО. Повеќедецениски проблем се реши со името. Имаше континуиран раст на минималната плата, на просечната плата. Континуиран, загарантиран, со закон и правилници, раст на пензиите, а не како сега што ги пљачкаат пензионерите, не им ги даваат парите зашто ги нема во буџетот“, посочи Филипче.
Претседателот на СДСМ потенцираше дека актуелната власт свесно го блокира европскиот пат на државата и не работи во интерес на граѓаните и државата.
„Ако власта има намера да создава проблеми, проблеми ќе има. Ако власта нема намера да ја зајакнува државата, како што нема, да прави реформи, како што не прават, да одиме кон Европа, поради тоа што експлицитно Христијан Мицкоски кажува дека нема да има уставни измени. Како има тој човек право да го запре повеќедеценискиот пат на државата? Од каде му е тоа право? Овде живеат два милиони луѓе коишто од 1991 година имаат стратешка цел. Каков е тој предавник и на стратешките, и на националните интереси на државата? Од кај му е таа храброст или од кај му е тој политички или морален или каков било легитимитет за тоа? ,“, рече Филипче.

