Уште 16 дена до неисполнување на ветувањето на Мицкоски

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Уште само 16 дена остануваат до истекот на рокот што самиот Христијан Мицкоски си го постави за исполнување на реформите потребни за продолжување на ЕУ интеграциите.

16 дена до ново неисполнето ветување.

16 дена до нов доказ дека организираната криминална група ВМРО намерно ја блокира европската иднина на Македонија.

По признанието на Мицкоски дека Преспанскиот договор е ремек-дело на дипломатијата на СДСМ, следеа признанијата на Тимчо Муцунски дека НАТО е феноменална работа и на претседателката Сиљановска дека темата за јазикот, културата и македонскиот национален идентитет е завршена работа (апсолвирана).

Мицкоски вети дека до јуни ќе ја заврши Реформската агенда.

Од 10 клучни точки, за две години реализирани се само неколку точки, делумно.

Сега, за неколку дена треба да се завршат останатите.

Тоа не е реформа. Тоа е лага.

Сега повторно посегнаа по пропаганда за малцинствата, како што беше лагата за името и Преспанскиот договор, ВМРО-ОКГ спроведува кампања против опозицијата дека таа ги стопира реформите.

Мицкоски има мнозинство во Собранието. Реформите може сам да ги спроведе.

Доказ за тоа е укинувањето на Техничката влада, без СДСМ, без консензус и без меѓународниот фактор.

Нема повеќе лаги. Сè излезе на виделина.

Мицкоски не ги исполнува реформите затоа што не сака Европа, бидејќи Европа носи независно судство, а тој и неговата банда не сакаат ни независно, ни Европско јавно обвинителство.

Затоа не сака да се внесат малцинствата во Уставот, што е европско, а не бугарско прашање.

Затоа секојдневно продолжува со лаги и бара алиби за неисполнување на условите од ЕУ.

Зашто тоа би значело правда и крај на неговата криминална заштита.

Наместо европски пат – изолација.

Наместо реформи – нови лаги и нови одложувања.

16 дена се доволни за да се види вистината.

Мицкоски не сака ЕУ. Тој сака власт без контрола и без одговорност.

Реформи сега. Малцинства во Уставот сега. Европа сега.