Прогрес Институтот за социјална демократија, во партнерство со Социјалдемократската младина на Македонија – СДММ и со поддршка од Фондацијата „Макс ван дер Штул“ од Холандија, го отвора повикот за пријавување на 19тиот Летен камп „Трајче Нешковски“.
Овогодинешниот камп ќе се одржи од 2 до 5 јули 2026 година во Хотел Десарет, Охрид.
Летниот камп „Трајче Нешковски“ е традиционална младинска програма која создава простор за политичка едукација, неформално учење, младински активизам, развој на лидерски вештини и вмрежување на млади луѓе кои споделуваат социјалдемократски вредности.
Што ќе опфати кампот?
Учесниците ќе бидат поделени во три тематски групи, преку кои ќе работат на современи општествени предизвици од перспектива на младите:
1. Социо-економска правда и достоинствен живот
Фокус на економска сигурност, плата за живот, достоинствен труд, работнички права, животен стандард и еднакви можности.
2. Еднаквост, безбедност и заштита од насилство
Фокус на родова еднаквост, насилство врз жени, еднакви можности, солидарност, недискриминација и институционална заштита.
3. Добро управување, интегритет и функционален систем
Фокус на владеење на правото, борба против корупција, транспарентност, отчетност и доверба во институциите.
Секоја група ќе работи со свој тренер/ка, а крајната цел е учесниците да развијат конкретен производ – препораки, иницијатива, акциски план, јавна порака или концепт за кампања.
Во рамки на кампот ќе се организираат и Summer Talks – политички дискусии со раководството на СДСМ, преку кои младите ќе имаат можност одблиску да се запознаат со политичарите, да слушнат за нивното искуство и да разговараат за улогата на младите во политиката и општеството.
Дополнително, учесниците ќе имаат и сесии со претставници од Фондацијата „Макс ван дер Штул“, со фокус на европската перспектива, младинскиот активизам и демократското учество.
Кој може да аплицира?
Повикот е отворен за:
млади лица на возраст од 18 до 29 години;
членови/ки на СДСМ и СДММ;
млади кои споделуваат социјалдемократски вредности;
млади кои сакаат да учат, да дебатираат, да се поврзат и активно да придонесат во општеството.
Особено се охрабруваат да аплицираат млади кои досега не учествувале на летни кампови или слични младински програми.
Како да се пријавите?
Пријавувањето се врши преку пополнување на апликацискиот формулар на следниот линк:
Краен рок за аплицирање
Краен рок за пријавување е 15 јуни 2026 година.
Апликациите кои ќе пристигнат по крајниот рок или нема да бидат комплетни, нема да бидат разгледани.
Зошто да аплицираш?
Затоа што Летниот камп „Трајче Нешковски“ е простор за другарство, учење, идеи и промени.
Приклучи се на генерација млади луѓе кои сакаат да размислуваат критички, да градат решенија и да придонесат кон поправедно, поеднакво и пофункционално општество.
Аплицирај најдоцна до 15 јуни 2026 година.
За дополнителни информации, обрати се кај твојот Локален клуб на СДММ или пиши ни на:
contact@progres.org.mk



