Соопштение за јавност
Граѓаните на Македонија со недели дишат отров наместо чист воздух, а ВМРО-ДПМНЕ го игнорира овој проблем.
Загадениот воздух предизвикува штетни последици по здравјето на граѓаните.
Мерните станици во континуитет, со денови и недели покажуваат огромна загаденост на воздухот во Македонија, како во вечерните така и во утринските часови.
Во Центар загадувањето е 3 пати повисоко од максимум дозволеното количество на ПМ10 честички, во Лисиче 4пати над дозволеното.
Во Тетово е количеството на ПМ10 честички е 13 пати над дозволеното, а загадувањето во Битола е 11 пати над максимум дозволеното.
Срамно и неодговорно е да се игнорира вака значајна тема директно поврзана со здравјето на граѓаните.
Наместо да го решат проблемот со загадувањето, Груевски и фамилијата изминатите години ги решаваа своите бизнис интереси.
Тие се збогатија со пари од граѓаните што требаше да бидат употребени за заштита на нивното здравје и нивните животи, затоа што тоа се нивни пари.
Загадувањето е последица на погрешните политики на Никола Груевски којшто мислеше само на провизиите од тендерите, парцелите на Водно, мерцедесот од 600 илјади евра и богатењето на фамилијата.
Фамилијарно-тендерските „политики“ на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ го уништуваат здравјето на граѓаните.
Затоа заврши времето на Никола Груевски. И затоа завршува времето на ВМРО-ДПМНЕ.
Скопје, 27.01.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА