Уште 12 дена до рокот за реформите кои Мицкоски нема да ги исполни

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Уште 12 дена остануваат до рокот што самиот Христијан Мицкоски го постави за исполнување на реформите и европските обврски. Уште 12 дена до уште едно големо разочарување и уште едно неисполнето ветување на Мицкоски.

Без измени на Уставот и внесување на малцинствата, нема продолжување на ЕУ интеграциите, нема помрднување од мртва точка. Нема отворање на следната фаза од преговорите, без разлика колку точки формално ќе бидат исполнети. Тоа е суштината.

Мицкоски самиот тврдеше дека има апсолутно мнозинство, самиот ја укина Техничката влада без консензус.

Сега нека не бара алиби од СДСМ. Ние нема да му бидеме алиби за неисполнување на реформите.

Нека ги заврши реформите што ги вети, нека ги исполни обврските до 1 јуни.

Нека ги внесе малцинствата во Уставот и нека покаже дека навистина сака Македонија да продолжи кон ЕУ.

Или конечно нека им признае на граѓаните дека не сака ЕУ затоа што се плаши од европски стандарди, од реформи, од независно правосудство и од одговорност.