ВМРО-ОКГ не повикува на обединување на граѓаните, туку бара алиби за сопственото неисполнување на реформите.
За што да се обединиме?
За криминал и корупција?
За блокада на патот кон ЕУ?
За изолација на Македонија?
Може да ги исполни реформите и да ги внесе малцинствата во Уставот, а ние од СДСМ ќе го поддржиме тоа.
Тоа би било вистинско обединување – во интерес на граѓаните на Македонија и во интерес на европската иднина на државата.
СДСМ ќе поддржи сè што е во интерес на граѓаните, но нема да даде алиби за неисполнување на тоа што Мицкоски лично го вети до 1. Јуни.
Мицкоски, уште 12 дена остануваат до уште едно признание – дека организираната криминална група ВМРО всушност не сака во ЕУ.
За сето ова не му е потребен СДСМ, како што не му беше потребен ни за укинување на техничката влада.
Како што кажаа од ВМРО, а Мицкоски потврди, дека можат без нас да ги завршат реформите – нека ги исполнат. Доста веќе лаги и манипулации.
Граѓаните го гледаат тоа јасно.
Реформи сега. Малцинства во Уставот сега. Европа сега.



