Соопштение за јавност
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во интервју за „Слободен печат“ обвини дека Мицкоски работи исклучиво за туѓи интереси, а најмалку за граѓаните и државата, потенцирајќи Мицкоски е идентификуван како најмекиот Македонец досега во историјата кој одработува за туѓи интереси.
„Ви кажувам дека од страна на бизнис интереси, странски служби и интереси, Христијан Мицковски е идентификуван како најмекиот Македонец досега во историјата. Човекот којшто ќе направи сè да одработи за туѓи интереси, а за лошото на државата, на иднината и на граѓаните.“, посочи Филипче.
Тој во интервјуто го обвини Мицкоски и за низа политички невистини кои штетат на граѓаните и на државата.
„Лаже. И тоа не е една лага. Тоа се низа лаги. Па тој човек владее со лаги. Сакаат да грабат народни пари без контрола и тоа се случува на секое ниво.“ потенцираше претседателот на СДСМ.



