fbpx

Николовски ја посети Државната фитосанитарна лабораторија

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Дополнителниот заменик министер за земјоделство шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски ја посети Државната фитосанитарна лабораторија – орган во состав на министерството.

Директорката, проф.д-р Сузана Кратовалиева, го запозна Николовски со активностите на лабораторијата, нејзината важноста за здравјето на граѓаните, како и за проблемите и слабостите со кои се соочуваат секојдневно.

ДФЛ извршува специфични дијагностички испитувања за утврдување на здравјето на растенијата, лабораториска анализа за квалитетот на семенскиот и садниот материјал и семенски тестирања на квалитетот на фитофармацевските производи и ѓубривата кои се користат во земјоделскиот сектор како и контрола на содржината на контаминенти во земјоделските производи, нивни преработки и храна од растително потекло и квалитет на овошје и зеленчук наменето за конзумација и преработка.
Оваа исклучително важна институција со вработените кои се врвни професионалци во својата област, изминативе две години покажуваат извонредни резултати кои заслужуваат респект и целосна поддршка од државата.

Директорката Кратовалиева посочи дека ваквите резултати се должат на пожртвуваноста и професионалноста на вработените но недостига поголема ангажираност на државата кога се работи за овозможување на основните услови за работа.

Николовски со став дека оваа важна институција, мора да има максимално сериозен пристап од државата. Државата мора да обезбеди многу поголем простор и ИТ услови за работа на оваа важна институција, мора максимално да се искористат капацитетите на лабораторијата, мора да се променат политиките на државата се со цел поголема контрола на земјоделските производи и нивни преработки, но мораме да ги менуваме и навиките на луѓето се со цел да се користи бенефитот на оваа лабораторија.
Крајната цел на работата на оваа институција е безбедост во исхраната на сите граѓани на Република македонија, а тоа нема цена.

 

 

Последни вести