Соопштение за јавност
„Република“ молчи и се крие за милионските приходи од 1.1 милион евра.
Додека граѓаните тонат во сиромаштија, „Република“ остварува приход од милион евра.
Според податоци од Централниот регистар, за три години „Република“ остварила приходи од 1.1 милион евра!
Додека бизнисите на фамилијата и Груевски вртат милионски приходи, 10 000 фирми низ Македонија се затворени заради арачот којшто власта постојано им го зема.
Само два мегафони под контрола на Груевски и фамилијата, оствариле неверојатни 2.4 милиони евра!
Како и „Курир“, така и „Република“ не ја интересираат реалните потреби на граѓаните, туку ги интересира креирањето на лажна реалност и штитењето на криминалите и провизиите на Груевски.
За Република и Курир најважни е лагите коишто ги пласираат да ги задоволат апетитите на Груевски. Затоа и остваруваат милионски приходи. Затоа и не ги почитуваат основните професионалните стандарди за транспарентно медиумско известување.
Наскоро ќе стане јасно, како се финансира Република, со колку пари и со чии пари.
Скопје, 12.01.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА