fbpx

Кирацовски во посета на подрачното одделение на Катастар во Струга

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение, 25.12.2015

Заменикот министер во министерството за информатичко општество и администрација, м-р Александар Кирацовски, денеска, го посети подрачното одделение за катастар на недвижности во Општина Струга кое брои 25 вработени.

На самиот почеток пред средбата Кирацовски искористи една од нивните услуги – Отпечатување на имотен лист.

Тема на средбата беше информирањето на заменикот министер за проблемите и предизвиците со кои се соочуваат административните службеници кои во својот делокруг ги имаат катастарските услуги, како и влијанието на правилниците и процедурите за катастарско работење врз работата на службениците. Во однос на новиот закон за административни службеници, сите изразија загриженост и несогласување за истиот бидејќи се директно засегнати и тоа негативно влијае на нив , особено во делот на оценувањето.

Заменикот Кирацовски исто така се заинтересира за мотивираноста на службениците, како и условите во кои истите работат и ја вети својата безрезервна поддршка и заложба за законски измени кои се во прилог на административните службеници.

 

Со почит,

Кабинет на
м-р Александар Кирацовски
Дополнителен заменик на министер за информатичко општество и администрација

 

 

Последни вести