Соопштение за јавност
Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во интервјуто за „Вин-Вин“ на Телма вечерва рече дека враќањето на довербата во правосудството е еден од клучните приоритети на новата програмска платформа на СДСМ, најавувајќи нов Антикорупциски закон кој ќе се темели на соработка со Европското обвинителство.
Како одговор на нарушената доверба во институциите, Филипче ја претстави клучната антикорупциска мерка од новата програма на СДСМ.
„Затоа, предлагаме нов Антикорупциски закон кој што се темели на соработка со Европското обвинителство.“, рече Филипче.
Довербата во правосудниот систем не може да се врати без нов механизам кој ќе обезбеди независност, кредибилитет и европски стандарди потенцираше Филипче.
„Очигледно е дека довербата во правосудството, вака како што е, нема да се воспостави уште кој знае колку време. И мора да им понудиме систем во кој што ќе ја побараме нивната доверба и повторна поддршка. Ете тоа го нудиме. И тоа е еден сериозен дел во програмата.“, нагласи претседателот на СДСМ.
Филипче порача дека реформата на правосудството не смее да остане само политичко ветување, туку мора да стане суштински процес кој ќе ја врати правната сигурност, ќе обезбеди неселективна борба против корупцијата и ќе ја врати довербата на граѓаните во институциите.



