Мицкоски, кога зборува за кражба, прво нека погледне во сопствениот џеб

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Христијан Мицкоски денес повторно зборува за кражба и за оние кои ја „краделе и понижувале“ Македонија.

Кога веќе зборува за кражба, прво нека погледне во сопствениот џеб.

Потоа нека погледне во предметите што се водат во Обвинителството и во Комисијата за спречување на корупција за нивните криминални тендери.

Потоа нека погледне во своите бизниси со хидроцентрали – како додека бил директор на ЕЛЕМ и советник на Груевски, преку својата фирма добивал бизниси за хидроцентрали.

Па нека погледне и во бизнисот со својот пријател, почесниот конзул во Србија, Душан Адамовиќ – човекот кој јавно пишуваше дека „Српска Македонија е окупирана“(додека сме кај понижувања), а сепак беше поставен за конзул на Македонија.

И на крајот нека погледне и во својот часовник, за да види дека дојде време да одговара за кражбите.

Кога ќе ги погледне сите овие работи, тогаш може повторно да напише статус на Фејсбук за тоа кој крадел и кој ја блокирал Македонија.

Сè додека не го направи тоа, неговите морални лекции се смешни.

А што се однесува до Изборниот законик, нема да му помине ниту овој обид за планирана изборна кражба. Доаѓа времето на вистината и правдата.