Проектот ЗНАМ 2.0 – платформа за иднината на Мицкоски

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Додека вчера овие луѓе беа ништо – без структура, без име, без јасна порака, денес одеднаш излегуваат со „јасна платформа за иднината на Мицкоски”.

Ова не е случајност. Ова е проектот ЗНАМ 2.0.

Мицкоски прво се обиде да ја провлече оваа платформа преку СДСМ, за да создаде поделба внатре во партијата.

Кога тоа не му успеа, сега го прави самостојно. Го лансира новиот Максим Димитриевски и неговата екипа.

Сега се претставуваат како опозиција. По изборите ќе посакаат да станат дел од „тендер коалицијата“.

Така изгледа кога Мицкоски создава и финансира свои сателити.

Затоа и се одржуваат разговори под “Chatham House” правила – сè можат да кажат, освен дека газдата е Мицкоски, а промоторот е Латас.

Еднаш народот беше измамен со првиот ЗНАМ. Тие прво ја предадоа својата партија, а потоа и своите гласачи.

Втор пат нема да се случи.

ЗНАМ 2.0 нема гласачи 2.0. Тоа е истиот народ кој беше сведок на сè што направи Мицкоски.

Мицкоски ги лажеше своите гласачи за името, за Преспа, за повисоки плати, за ЕУ, за подобра економија, за поголеми инвестиции.

Она што го испорача е катастрофа во сè што се фати – ја уништи економијата и ја изолира земјата.

Доста е повеќе со сателитите на Мицкоски и организираната криминална група.

Доста е повеќе со продажбата на Македонија и интересите на граѓаните заради лични болни амбиции и лична материјална и финансиска корист.

Еден е Фронтот за вистина и правда!

Набрзо ќе ја вратиме власта во рацете на граѓаните.