ЗНАМ 2.0: Прво „обединување на опозицијата“, а прво на дневниот ред – напад врз СДСМ!

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Најавената „платформа“ за разговори за иднината е уште еден во низата обиди на Христијан Мицкоски да создаде контролирана опозиција.

Прво, не се знае кој стои зад неа. Нема име на организатор, нема транспарентност, сè се одвива под Chatham House правила.

А кога ќе се погледне што се случило на првиот состанок, станува јасно: зборуваа за „обединување на опозицијата“, а прва точка и заклучок на средбата беше напад врз СДСМ.

Мицкоски уште на крајот на минатата година ја најави оваа платформа.

Први промотори беа Јован Деспотовски и Петре Шилегов – како нова верзија на ЗНАМ 2.0. Кога не успеа да ја урне СДСМ одвнатре, сега ги обединува отпадниците од СДСМ за да ја напаѓа однадвор.

Истиот модел на промоција што го имаа овие двајца квислинзи од редовите на СДСМ, го има и денешната Chatham House платформа за иднината на Мицкоски.

Промоција преку медиуми блиски до Орбан, со главен координатор од сенка Драган Павловиќ – Латас. Во исто време, армија од ботови и фарми на тролови работи со полна пареа.

Мицкоски нема друг излез. Буџетот е празен, економијата е во колапс, наскоро нема да има пари ни за пензии.

За да го спречи слободниот пад на ВМРО, а особено на својот рејтинг, прво направи козметичка реконструкција на Владата за да добие на време со нов дефокус.

Сега намерно го прават со Изборниот закон за да ја обвинуваат опозицијата за реформи кои тој самиот не ги спроведе.

Следниот чекор се предвремени избори, за кои му треба алиби.

ВМРО изгуби над 150.000 гласови. Мицкоски има најнизок личен рејтинг досега, поради секојдневните лаги, а особено поради предизборните.

Единствениот проблем е што веќе еднаш ги излажа своите гласачи и ги измами гласачите на СДСМ со ЗНАМ.

Сега, повеќе такви работи не поминуваат. Граѓаните не се наивни.

Единствената вистинска опозиција се СДСМ и слободните граѓани, обединети околу Фронтот за вистина и правда.

Сѐ друго е фејк.