fbpx

Груевски го игнорира сериозниот проблем со загадениот воздух

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Според официјалните податоци од мерните станици загадувањето на воздухот во Скопје изнесува речиси 8 пати над дозволеното.

Во Битола и Тетово ПМ10 честичките изнесуваат речиси 7 пати над дозволеното, додека во Кичево 4 пати над дозволената граница.

Мерните станици постојано покажуваат огромна загаденост на воздухот во Македонија, а Никола Груевски го игнорира овој сериозен проблем којшто е на директна штета на здравјето на граѓаните.

Политиките на Никола Груевски го уништуваат здравјето на граѓаните.

Никола Груевски потроши 630 милиони евра за споменици во Скопје а граѓаните се гушат во нечист воздух

Последиците од загадениот воздух по здравјето на граѓаните се сериозно опасни.

Додека се трошат милиони евра за споменици, реклами и LED телевизори луѓе во Македонија умираат поради висок процент на канцерогени честички во воздухот.

Македонија според Светска банка Македонија е на прво место на листата за изложеност на граѓаните со цврсти, канцерогени честички. Повеќе од 1.350 смртни случаи годишно има во Македонија поради предизвикани болести на дишните патишта и рак.

Владимир „дил ориентед“ Пешевски ја призна сериозноста со загадениот воздух, но призна и дека ВМРО-ДПМНЕ нема решение.

Здравјето на граѓаните за ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски е неважно. За Никола Груевски важни се само бизнисите на фамилијата, на братучедот Мијалков, провизиите од тендерите, парцелите на Водно, мерцедесот од 600 илјади евра.

Затоа граѓаните имаат една идеја: Збогум Никола!

Скопје, 18.12.2015
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Последни вести