fbpx

Зошто „Курир“ крие на кој начин се финансира?

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Петти ден молк во “Курир” на прашањата кој и на каков начин го финансира.

Јавноста дозна за приходите од 1.3 милиони евра за фирмата ЕМ МЕДИА ДОО Скопје, сопственик на “Курир.”

Што крие „Курир“?

Дали “Курир” сака да ја сокрие поврзаноста на фирмата сопственик на “Курир” ЕМ МЕДИА ДОО Скопје, со братучедот на Груевски, Сашо Мијалков, преку фирмата НВСП?

Преку проектот Вистината за Македонија граѓаните дознаа дека НВСП е основач на агенцијата за обезбедување СГС, што ги обезбедува клучните објекти во земјава, зад којашто лично стои братучедот на премиерот во заминување, Сашо Мијалков.

Сопственик на НВСП е Владислав Стајковиќ.

Стајковиќ освен до Мијалков, близок и до Жарко Луковски, главен и извршен директор на Т-мобиле и воедно кумашин на Сашо Мијалков. Истиот Стајковиќ фигурира и како директор во фирмата Мобико, каде што сопственик е Жарко Луковски.

НВСП покрај сопственик на радиото Слободна Македонија се јавува и како сопственик и на К Три телевизија ДООЕЛ Куманово.

Вистината за Македонија исто така откри дека фирмата НВСП на Стајковиќ е дел од провизијата од 540 илјади евра што братучедот на Груевски, Мијалков ја бара за набавување на опрема за прислушување од Израел.

Професионалните и етички новинарски стандарди подразбираат транспарентно, непристрасно и објективно известување.

Зошто “Курир” крие на кој начин се финансира?

Со недели нема одговор ниту на прашањето што навистина е “Курир”, информативната агенција, интеренет портал, агенцијата-партија?

Никола Груевски и фамилијата на власт најголем проблем имаат со вистината. Затоа им е потребен “Курир.”

Наместо молк и креирање виртуелни вести коишто немаат никаква поврзаност со реалноста, јавноста очекува одговори на прашањата кој и на каков начин го финансира “Курир”?

Скопје, 18.12.2015
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести