Филипче: Наместо за празниот буџет, дебаклот и криминалните тендери на власта, повторно се зборува за СДСМ

Facebook
Twitter
LinkedIn

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во интервју за емисијата „Тема на денот“ на Сител телевизија, укажа дека наместо во јавноста да се зборува за празниот буџет, економскиот дебакл, немањето средства за плати, пензии и социјални трансфери, и за криминалните тендери на власта, повторно се зборува тема за СДСМ.

„Наместо во овој период да разговараме за дебаклот на власта, за изолацијата од Европа, за проруските влијанија кај нас, за проруските ставови на Владата на Христијан Мицкоски, за дебаклот со буџетот, за немањето пари за пензии, плати, социјални трансфери, земјоделство и така натаму, за ултраскапите кредити, вклучувајќи го и унгарскиот, ние повторно зборуваме за СДСМ“, потенцираше Филипче.

Тој нагласи дека СДСМ континуирано ја разобличува власта и нејзините, лажни политики и криминални тендери, во време кога граѓаните секојдневно ги чувствуваат последиците од лошото владеење.

Филипче посочи дека власта нема резултати со кои може да се пофали, па затоа, се обидува да ја пренасочи јавната дебата, додека државата се соочува со задолжување, застој и неизвесност.

„Буџетот е празен. Ребалансот е страшен дебакл. Огромен раст на дефицитот, нема предвидено пари ниту за раст на пензиите, ниту за раст на платите. Нема доволно пари за субвенции во земјоделството. Нема доволно пари за зголемување на социјалните трансфери. Сè е статус кво“, рече Филипче.

Во интервјуто, Филипче јасно кажа дека СДСМ нема да отстапи од силното опозициско делување и од борбата за вистината пред граѓаните.

„Нашето силно опозициско делување никогаш нема да се смени“, порача Филипче.