fbpx

За Груевски и ВМРО-ДПМНЕ најважни се бизнис интересите и богатењето на фамилијата

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

За Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ единствено важни се бизнис интересите и богатењето на фамилијата на власт.

За ВМРО-ДПМНЕ склучување договор за јавно приватно партнерство за улично осветлување е вонредна состојба и мора да се гласа на вонредна седница.

На ден 30.11.2015 година Советот на општина Ресен расправаше по точка од дневниот ред – Предлог-Одлука за избор на приватен партнер за јавно приватно партнерство за реконструкција,модернизација, надградба и одржување на системот за јавно осветлување на Општината Ресен. Точката со три гласови ЗА, 5 ПРОТИВ и 6 ВОЗДРЖАНИ, не помина.

Истата таа точка само за девет дена повторно се најде на дневен ред, на вондредна седница закажана надвор од статутарната и деловничката процедура.

За ВМРО-ДПМНЕ не претставува никаков проблем да постапува надвор од пропишаните законски норми.

Според актите на општината вондредна седница може да се свика само во случај на елементарни непогоди.

Јавноста со право прашува дали вондредноста и итноста се наметнува заради жалбените постапки на фирмите кои се жалат на пропустите од електронската аукција?

Потребата од итност според актите ја образложува градоначалникот на општината Ресен, но на прашањето од советниците на СДСМ Ѓоко Стрезовски се бранеше со образложение дека тој е гостин на седницата.

СДСМ прашува што во меѓувреме се смени кај советничката група на ВМРО-ДПМНЕ? Пред 9 дена беа воздржани при гласањето, како гласаат сега?

ВМРО-ДПМНЕ и Стрезовски се должни да им одговорат на граѓаните што всушност се криеше зад итноста на седницата за склучување договор за јавно приватно партнерство за улично осветлување.

Ресен, 16.12.2015
ОО СДСМ Ресен

Последни вести