Портпаролот на организираната криминална група ВМРО, Бојан Стојаноски, ги повикува опозициските партии до 15 јули да постигнат договор за Изборниот законик.
Но, прашањето е: зошто ВМРО-ОКГ воопшто би сакала да се најде решение?
Тие не сакаат договор. Тие имаат потреба од алиби.
Со тоа што вештачки го комплицираат Изборниот законик и одбиваат да прифатат механизми за контрола на гласањето на дијаспората, ВМРО-ОКГ свесно го блокира делот од Реформската агенда кој се однесува на изборното законодавство.
А кога реформите ќе застанат, тие ќе имаат готов изговор – „опозицијата не дозволи“, за да ја оправдаат понатамошната изолација на Македонија од европскиот пат.
Ние од СДСМ сме јасни:
Дијаспората има право да гласа, како и досега, но тоа гласање мора да биде контролирано и проверливо.
Без тоа, се отвора простор за изборни манипулации во големи размери.
ВМРО-ОКГ не е заинтересирана за фер избори.
Таа е заинтересирана да најде изговор, зошто не ги спроведува реформите и зошто Македонија останува блокирана на патот кон ЕУ.
Затоа и го влечат ова прашање. Затоа и не сакаат вистински консензус.
Ние нема да бидеме дел од нивното алиби.
Нема да прифатиме изборна кражба, ниту ќе дозволиме Реформската агенда да биде жртвувана за политички интереси на една партија.
Ако ВМРО-ОКГ навистина сака решение, нека престане со манипулациите и нека прифати контролирано гласање за дијаспората.
Сè друго е само продолжение на политиката на изолација и бегство од одговорност.




