Соопштение за јавност
Мицкоски вели дека реконструкцијата на Владата носи „нова енергија, ново темпо и уште поголема одговорност“.
Ова е флоскула која се користи кога нешто не функционира и треба да се прикрие вистината.
Вистината е дека оваа Влада веќе две години не успеа да испорача ниту едно од клучните ветувања.
Европскиот пат е блокиран, реформите се запрени, економијата е во криза, а буџетот е празен.
Сега, кога резултатите недостасуваат, а притисокот расте, Мицкоски прави козметички потези и ги нарекува „нова енергија“.
Реконструкцијата не е знак на сила, туку признавање на слабост. Кога Владата функционира, не се прави вакво прегрупирање.
Ова е типичен потег на власт која се обидува да купи време и да создаде привид на активност, додека во реалноста се подготвува за предвремени избори.
„Поголема одговорност“ од страна на луѓе кои веќе две години ја држат државата во изолација, а притоа си обезбедуваат бугарски пасоши и европски удобности за себе и за своите семејства, звучи крајно цинично.
Народот не сака „нова енергија“ во изјавите. Сака резултати. Сака европски пат, сака одговорност за криминалот и корупцијата а тоа не се добива со козметички реконструкции и празни зборови.
Вистинската нова енергија ќе дојде кога оваа Влада ќе си замине и кога криминалната група ќе сноси одговорност за своите дела.


