Филипче: Наместо да се бори за Македонија меѓу европските лидери во Париз, Мицкоски остана дома

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Наместо да биде меѓу европските лидери и да се бори за интересите на Македонија, премиерот Христијан Мицкоски избра да не присуствува на средбата во Париз, каде што беа собрани лидерите на европските држави. Наместо лично да ја претставува државата и да ги искористи можностите за застапување на македонските интереси, на негово место беше испратен вицепремиерот Беким Сали, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција.

„Вчера имаше средба во Париз, по повод националниот ден на Франција и таму на местото каде што се собрани сите европски лидери. Ние сме претставувани од вицепремиерот Беким Сали. Немам никаква забелешка околу протоколарниот дел, но дали е ова вистинско однесување на еден премиер на држава? Да не биде присутен на место каде што се собрани сите европски лидери, на едно место кај што може да ги искористи, да се бори за државата, тој избира да не оди и таму да го прати вицепремиерот. Ова е само уште еден показател дека овој премиер за Македонија не се бори. Ниту има желба, ниту има визија, ниту има капацитет“, истакна претседателот на СДСМ.

Филипче посочи дека ваквиот однос се случува во период кога Европската Унија го забрзува процесот на проширување и кога се носат важни одлуки за иднината на европскиот континент.

„Денеска е така наречениот супер вторник на проширување на Европската Унија. Денеска се одржуваат, како никогаш до сега, четири меѓувладини конференции со четири земји кои што очигледно е многу брзо ќе бидат нови членки на Европската Унија. Со Украина, со Молдавија, со Албанија и со Црна Гора. Се затвораат поглавја на Албанија и Црна Гора и се отвораат нови кластери со поглавјата на Украина и на Молдавија“, рече Филипче.

Тој додаде дека во време кога други земји напредуваат на европскиот пат, актуелната Влада, нема намера да го продолжи евроинтегративниот процес на Македонија.

„Процесот на европска интеграција е процес од кој оваа Влада, премиерот јасно и гласно кажа дека се откажува и дека нема намера да го продолжи евроинтегративниот пат на Македонија“, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Линк до видео: