Соопштение за јавност
Христијан Мицкоски им должи јавно извинување на граѓаните на Македонија.
Не на пратениците во празна сала, туку на граѓаните кои ги навредуваше со месеци.
Тој ги нарекуваше граѓаните „талог на општеството“, „глодари“, „медиокритети“, „мекотели“ и со други погрдни имиња.
Ги омаловажуваше сите кои не се согласуваат со него, кои ја критикуваат неговата политика или кои едноставно бараат подобар живот.
Таквото однесување не е достојно за премиер на држава. Уште помалку е достојно за човек кој се претставува како универзитетски професор.
Ова е срамота и за институцијата која ја претставува и за државата која ја води.
Особено што Мицкоски не застана сам во навредите туку беше поддржан. Заедно со својот прв соработник Иван Стоилковиќ, во Собранието отворено псуеше пратеници, а Стоилковиќ физички се обиде да се пресмета со пратеникот Митко Трајчулески.
Ова не е политичка расправа туку понижување на пратениците кои се претставници на граѓаните, како и на највисоката институција во државата.
Мицкоски мисли дека едно изнудено изговорено „извинете“ во празна сала може да ги избрише сите овие навреди? Не може.
Граѓаните не се наивни и не може да ги излаже.
Ова однесување е резултат на губењето на поддршката и на падот на рејтингот, кој самиот си го предизвика со секојдневните лаги, со немањето никаков резултат и со тоа што ја води државата во изолација и економски колапс.
Христијан Мицкоски должи јавно и искрено извинување на граѓаните на Македонија.
Сè додека тоа не го направи, ќе остане запаметен како премиер кој наместо да ги обединува граѓаните, ги навредува и ги понижува.

