fbpx

Граѓаните на Македонија имаат една идеја: збогум Никола

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Додека ВМРО-ДПМНЕ и премиерот во заминување, Никола Груевски, без идеи и без резултат зад себе лицемерно крадат проекти од СДСМ и препишуваат цели закони, граѓаните на Македонија имаат една идеја: збогум Никола!

Граѓаните 10 години осиромашуваат, невработеноста се зголемува, а Никола Груевски мислеше само на бизнисите на фамилијата, на братучедот Мијалков и кумот Ставрески, на провизиите, тендерите, парцелите на Водно, на мерцедесот од 600 илјади евра, на очила од 60 илјади долари…

Очигледно и „идеите“ Никола Груевски ги собира како и виртуелните, лажни инвестиции коишто во реалноста ги нема.

Во реалноста тимовите на ВМРО-ДПМНЕ коишто се задолжени да ги анкетираат граѓаните многу лошо поминуваат. Граѓаните се револтирани и одбиваат дури и да разговараат со активистите на ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски без идеи и без резултат за себе касно се сетија на граѓаните. Доцна е сега Никола Груевски да бара од граѓаните идеи.

Сега граѓаните имаа една, ама вредна идеја за иднината на Македонија: Збогум Никола!

Скопје, 13.12.2015
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Последни вести