Вчера судот го ослободи Никола Груевски во случајот „Талир 2“.
Ова не е изненадување. Тоа е уште еден доказ дека правосудството во Македонија е под директна контрола на Христијан Мицкоски и неговата организирана криминална група ВМРО.
Груевски не е ослободен затоа што е невин. Тој е ослободен затоа што Христијан Мицкоски го заштити својот ментор.
Сè што се случува во правосудството во последните две години покажува дека Мицкоски има целосна контрола врз обвинителството и судовите.
Тој јавно дава задачи од собраниската говорница, преку медиуми и преку телефон.
Таканареченото „независно“ обвинителство постојано постапува според политичките налози од Белата палата.
Кога Мицкоски сака некој да биде заштитен, тој е заштитен. Кога сака некој да биде гонет, тој е гонет.
Вчерашната одлука за Груевски е уште една потврда за тоа.
Никола Груевски со години е бегалец во Унгарија, под заштита на Виктор Орбан.
Денес, благодарение на Христијан Мицкоски, тој добива и судска заштита во Македонија.
Сè што Мицкоски правеше изминатиот период, од одбивање да ги испрати документите за екстрадиција, до јавните пораки и притисоци врз институциите, беше насочено кон заштита на својот политички татко и ментор.
Прашањето е едноставно: Дали Мицкоски и за овој случај имаше „чувство“?

