Прес конференција, ОО СДСМ Охрид
м-р Aлександар Кузески, Секретар на ОО СДСМ Охрид
Охрид, 12.12.2015 год
Почитувани,
Хаосот што Никола Тодоров и Никола Груевски го направија во здравството се случува и во Општата болница во Охрид.
Во повеќе одделенија во Општата болница во Охрид, како што се интерното, геријатриското и детското одделение нема греење. Во ек на ниски температури, пацинетите се смрзнуваат и се оставени да се снаоѓаат како знаат и умеат.
Граѓаните се револтирани и со право реагираат. Тие мора сами да си обезбедуваат греалки со цел да си обезбедат минимум соодветни услови за својот престој.
Ситуацијата е крајно драматична, затоа што пациентите се соочени со крајно лоши и нехумани услови.
Општата болницата години наназад ја тресат скандали, почнувајќи од нејзината екстремно скапа изградба, до немање соодветен персонал, посебно доктори специјалисти, несоодветни услови и грижа за болните.
Згрозени сме од лицемерието на власта во заминување. СДСМ нема да дозволи, ниту сега, ниту понатаму власта да им ги зема парите на старите лица, а притоа да им пружа заштита која е под секое човечко достоинство!
Граѓаните знаат дека тоа е последица на нивните погрешни политики и затоа граѓаните имаат една заедничка идеја: Збогум Никола!